Еуро Никел ја доби драмата со Чаир и му се придружи на МЗТ Скопје во полуфиналето од Купот

Кошаркарите на Еуро Никел се вторите полуфиналисти на Купот на Македонија кој се одржува во Битола откако ја добија пенал-завршницата со скопски Чаир со 87-79 и му се прудружија на МЗТ Скопје помеѓу најдобрите четири екипи.

Екипата од Скопје одлично го отвори мечот и ја доби првата четвртина со убедливи 26-17, но во продолжение следуваше доминација на кавадарчани, кои ја оправдаа фаворитската улога. Првото полувреме заврши нерешено, 47-47, додека вториот дел започна со доминација на Еуро Никел.

Во самиот финиш од мечот, Чаир резултатски се врати во игра, па во последните 100 секунди следуваа голем број фаули и пенал-завршница. Кошаркарите од Кавадарци се покажаа како многу поефикасни и сосема заслужено победија со осум поени разлика.

Еуро Никел во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот помеѓу домаќинот Пелистер и ланскиот финалист Феникс.

- Оглас -

Најнови вести