Екипата на Работнички загуби на гостувањето кај Еуро Никоел со 95:77, во рамките на десеттото коло од правата кошаркарска лига.
Тимот од Градски парк имаше ново бледо издание, а поразот дојде „благодарение“ на катастрофалната трета четвртина.
По првото полувреме, Работнички дури имаше и предност од 45:41.
Но, третата делница ја загуби со неверојатни 35:20, по што завршните десет минути, практично беа рутински обработени.
Најефикасен кошаркар на теренот беше Бранислав Џекиќ со 24 поени.
Со ова, тимот од Гостивар дојде до четврттата победа едноподруго и сега има 15 бодови исто колку што има и Работнички.