Еурофарм Пелистер чекор поблиску до титулата, Алкалоид ја доби голеадата против Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер продолжуваат да чекорат кон одбрана на шампионската титула и на три кола пред крајот на Супер лигата ја задржаа предноста од два бода пред Вардар.

Битолчани вечерва без поголеми проблеми забележаа убедлива победа од 27-36 на гостувањето кај Пролет во Скопје. После минималните +2 на полувремето, 13-15, во вториот дел следуваше комплетна доминација на Еурофарм Пелистер за победа од девет гола разлика на крајот.

Екипата на Вардар својот натпревар од 11-тото коло на Супер лигата го одигра вчера, а нивната победа беше уште поубедлива, +21 гол, односно 15-36 на гостувањето во Струга.

Во дербито на колото, Алкалоид со 42-31 го победи Охрид на домашен терен, а домашна победа забележа и Тиквеш, кој со 28-23 славеше над Бутел.

Табела: 1. Е. Пелистер 32, 2. Вардар 30, 3. Алкалоид 27, 4. Охрид 23, 5. Тиквеш 19, 6. Бутел 7, 7. Пролет 6, 8. Струга 0.

- Оглас -

Најнови вести