Еурофарм Пелистер доби вајлд-карта да ја претставува Македонија во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација, ЕХФ, една од специјалните покани за учество во машката Лига на шампиони му ја додели на Еурофарм Пелистер, па македонскиот првак и во следната сезона ќе биде дел од елитното европско клупско натпреварување.

Битолчани трета сезона по ред ќе играат во ЛШ.

Вајлд-карти за ЛШ добија и Кјелце, ПИК Сегед, Нант, Колстад и ГОГ Гудме. Oвие екипи им се приклучуваат на Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Веспрем, Висла Плоцк, Алборг, Динамо Букурешт, Загреб, ПСЖ и Спортинг Лисабон.

Вајлд-карти бараа, но не добија Кадетен Шафхаузен, Порто и Гросист Слован од Љубљана, па тие ќе играат во Европската лига или Европскиот куп.

Ждрепката за групната фаза во ЛШ ќе се одржи в петок попладне во Виена. Ќе има две групи со по осум тима.

 

- Оглас -

Најнови вести