Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите. ЕХФ му додели вајлд карта на битолскиот клуб, па „пелистерци“ повторно ќе имаат можност да се натпреваруваат со најдобрите.
Македонскиот ракомет немаше рејтинг за шампионот да добие директно место во елитата, но, сепак, ЕХФ го препозна проектот на Еурофарм Пелистер и му додели вајлд-карта.
Покрај македонскиот првак, покани за Лигата на шампионите добија Келце, ПИК Сегед, Нант, Динамо Букурешт и Загреб.
Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи во Виена на 27 јуни.
Ова истовремено значи дека вицешампионот РК Вардар 1961 обезбеди директно учество во групната фаза од ЕХФ Европската лига.