5.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Еурофарм Пелистер доведе двометраш кој лани играше за Веспрем

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, доведе нов кружен напаѓач, со што ја пополни празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на почетокот од годината.

Нов член на битолскиот клуб е Хрватот Никола Граховац. Овој 27-годишен пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција за продолжување и за следната. Тој доаѓа во Битола од бундеслигашот Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Инаку, 201 сантиметар високиот Граховац има искуство од настапите на големата сцена бидејќи во Лигата на шампионите играл за Загреб и Веспрем, а негов прв клуб е Дубрава.

Никола Граховац е хрватски репрезентативец, имаше настап на Европското првенство 2022 година и на Олимписките игри 2024 година. Со јуниорската репрезентација на Хрватска стана европски вицешампион во 2016 година.

Најновото засилување до крајот на неделата ќе биде официјално претставен пред јавноста и медиумите.

 

- Оглас -

Најнови вести