Екипата на Еурофарм Пелистер оптимистички му пристапува на гостувањето кај Загреб од ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Битолчани во септември дома го победија овој ривал со 25-23 и веруваат дека може да го повторат тоа.
„Имав минутажа на последните натпревари, сакам да играм подобро и да го докажам мојот квалитет. Се подготвуваме добро за Загреб, гледаме видеoанализа, тренираме напорно и се надеваме на најдоброто. На секој меч одиме на победа, така ќе биде и овојпат. Загреб е одлична екипа, во ЛШ нема лоши тимови. Но, одиме на победа, не гледам пречка да не победиме“, рече пикерот Самоил Ристевски.
Во понудата на Sport Life за денешните три меча во ракометната ЛШ има голем број играчи на кои може да типувате дали ќе одат во плус или минус голови од границата која е поставена. Тука се и тројца играчи на Е. Пелистер, Кузмановски, Манасков и Радивојевиќ.

Според квотите за конечен тип, пелистерци се аутсајдери, квотата за нивна победа е 4.00, па ако верувате во македонскиот првак, може добро да заработите.


