20.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Еурофарм Пелистер ги пречекува Швајцарците, а иста е квотата и за кец и за двојка

Еурофарм Пелистер вечерва од 18.45 часот во Битола го пречекува швајцарскиot Кадетен Шафхаузен во меч од ЕХФ Европската лига, а дека се очекува неизвесен дуел, покажуваат и квотите во Sport Life обложувалниците.

Во моментов иста е квотата и за победа на домашните и за победа на гостите.

„Спортот признава само победници, не е важно дали сте прв, петти или каде било на табелата, на секој натпревар мора да се оди на победа и тоа е наша цел вечерва. Јас и играчите така размислуваме и се подготвуваме само за победа“, вели тренерот Жељко Бабиќ.

Првиот натпревар на овие две екипи, кои имаат еднаков број бодови на три кола до крајот на групата Д, заврши без победник, 28-28. Средбата ќе ја водат хрватски судии.

 

Кај Е. Пелистер се враќаат Радовиќ, Периќ, Мараш, Ојлески и Божиќ Павлетиќ кои не настапија на гостувањето кај Ним, а ќе недостигаат само Мартин Велковски и Немања Обрадовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести