Точно 60 опции за обложување има во понудата на Sport Life за вечерашниот ракометен дуел во Битола помеѓу Еурофарм Пелистер и Весперем, а квотите најавуваат победа на гостите од Унгарија.
Веспрем е голем фаворит, но нивниот пораз од девет гола разлика во Лисабон против Спортинг, тимот со којшто пелистерци ремизираа дома, покажува дека тимот на тренерот Чави Пасквал, кој со Барса има три европски титули, знае да има и лош ден.
По поразот од Алкалоид, Бранислав Ангеловски си поднесе оставка од тренерската функција, па против Веспрем на клупата на Е. Пелистер ќе биде привремено назначениот Звонко Шундовски. Досега битолчани имаат освоено еден бод во пет кола и последните се во двојната група во Лигата на шампионите.
Е. Пелистер и Веспрем никогаш порано не се сретнале во ЛШ, меѓу себе играле само во СЕХА-лигата. Кај гостите ќе го нема Египќанецот Јехија Ел-Дера, кој е повреден, но неодамна го ангажираа Арон Палмарсон, а во нивните редови е и Недим Ремили, кој е прв стрелец во ЛШ со 40 гола.
Може да се обложите и на стрелци и да погодите дали Филип Кузмановски, Богдан Радивојевиќ и Жарко Пешевски од Е. Пелистер ќе постигнат повеќе или помалку голови од зададената граница.