Актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер го победи Вардар 1961 со 29-26 во финалето на Струшкиот ракометен турнир. Вардар ја бранеше титулата на турнирот, но сега трофејот оди во рацете на битолскиот тим.
Шампионот на полувреме замина со два гола предност (13-11), а Вардар успеа да израмни на 23-23 и во последните десетина минути двете екипи влегоа со егал.
Сепак, на крајот поконцентрирани беа ракометарите на Еурофарм Пелистер и успеаја да слават победа.