15.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот, по уште еден драматичен триумф против Вардар

Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер го доби дуелот за Суперкупот на Македонија против големиот ривал Вардар со 28-27. Победничкиот погодок го постигна Осама Хосни на неколку секунди пред крајот на мечот.


Осама Хосни беше најефикасен на натпреварот со осум погодоци, а Тајник постигна четири погодоци.


Вардар во средината на првото полувреме имаше и четири гола предност (13-9), но Пелистер до одморот намали на 13-12.

Во второто полувреме подобро стартуваа битолчани, кои со погодоците на Хосни и Радивојевиќ успеаја да поведат со 14-13. Потоа следуваше црвен картон за Богдан Радивојевиќ поради удар во лицето на Малус, а и Хориха и Хосни заработија по две исклучувања на двете страни. Некое време натпреварот се одвиваше во ритам „гол за гол“, по што Пелистер поведе со 17-15, но Вардар брзо го израмни резултатот.

Беше неизвесно сѐ до пред крајот, 27-27 на две минути пред крајот. А Хосни на крајот стана херој и му го донесе триумфот на Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести