Еурофарм Пелистер и Тиквеш 2014 се на фајнал-фор во Купот, се чека на Вардар 1961 и Алкалоид

Еурофарм Пелистер и ГРК Тиквеш 2014 се првите два учесници на завршниот фајнал-фор турнир во ракометниот Куп на Македонија, а останатите два полуфиналисти ќе се знаат утре.

Битолчани во финалето на својата група во Охрид беа подобри од домаќинот со 32-25, а кавадарчани на Ф4 се најдоа благодарение на победата над Мулти Есенс од 32-28.

Утре Алкалоид во своето финале на четвртфиналниот турнир игра со Бутел, додека вардарци ќе имаат дуел со Голден Арт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести