36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Еурофарм Пелистер има нов тренер, Шпанец кој има светско злато и олимписка бронза

Актуелниот македонски ракомет првак, Еурофарм Пелистер, официјално објави дека нов тренер на тимот е Шпанецот Рубен Гарабаја.

Битолчани, кои сезонава ги чекаат настапи во Лигата на шампионите, утре ќе ги започнат подготовките за сезоната 2025/26, а по спогодбената разделба со Раул Алонсо, кој замина во Германија, клубот одбра сличен модел на млад и амбициозен тренер од Шпанија за продолжување на растот на процесот.

Рубен Гарабаја потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување уште на една ако двете страни се согласни.

Рубен имаше завидна кариера како играч. Тој има 46 години, а 168 пати играше за шпанската репрезентација на позицијата кружен напаѓач. Со Црвената фурија освои светска титула во 2005 година, има сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, како и бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и Мундијалот во Шведска во 2011 година. Со Барселона има играно финале во Лигата на шампионите во 2010.

Гарабаја тренерскиот занает започна да го бруси во Логроњо како асистент-тренер во 2018 година. Три години остана во Ла Риоха и го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина. Во 2021 година на покана на Роберто Гарсија Парондо работи како асистент-тренер во египетската репрезентација. Во 2022 година почнува самостојна тренерска кариера во шпанскиот клуб Синфин Сантандер, каде што работеше сè до повикот од Битола.

 

- Оглас -

Најнови вести