Еурофарм Пелистер е во подобра форма од Вардар 1961 во моментов, битолчани ја добија ракометната македонска „класика“ во рамки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид со 28-23, и сега се блиску до првото место во својата група што носи финае.
Саид Хеидаридад беше јунак на битолскиот тим. Иранецот кој дојде летово од Партизан, имаше 15 одбрани, но се повреди во 17-тата минута од второто полувреме.
Вардарци беа некомплетни без некои од главните играчи (фалеа Борозан, Еспиња, Лазаревски, Пинто, Стаменковиќ), но и пелистерци истотака не беа во најсилниот можен состав (ги немаше Кузмановски и Митревски) па овој меч беше прилика да се провери формата на тие што се на располагање на турнирот во Охрид.