Еурофарм Пелистер ќе се обиде да направи чудо на гости против Веспрем (Фото)

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 часот) му гостува на унгарскиот гигант Веспрем во нов предизвик од Лигата на шампионите.


Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков своевремено беше член на Веспрем, а најави дека битолскиот тим ќе се бори до последен атом на силите, иако јасно е кој е фаворит на овој дуел.

„Веспрем е екипа проектирана за трофеи, на секоја позиција има ракометари од светска класа, имаат ротација, размислуваат за големи работи. Играњето за Веспрем значи битка за освојување на сите трофеи, па и годинава е така. Играат на домашен терен и тешко е да се игра во таа сала. Публиката е гласна, но спортски е да се надеваме и да се бориме до последниот атом од силите“, изјави Манасков.

Квотите во Sport Life јасно отсликуваат кој е фаворит на натпреварот. Сѐ освен победа на Веспрем ќе биде првокласна сензација, но никој не треба да им ги одземе надежите на ракометарите на Пелистер за добар натпревар против унгарскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести