28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Еурофарм Пелистер купи полски интернационалец за следната сезона

Актуелниот македонски ракометен шампион, тимот на Еурофарм Пелистер, за следната сезона се засили со полскиот десен бек Анжеј Видовски.

Како што информираат од клубот, 22-годишниот полски интернационалец потпиша двегодишен договор со битолчани и ќе им се приклучи на подготовките во јули 2025 година.

„Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиjа Ополе од полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина. Видовски ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26“, објавија од клубот.

- Оглас -

Најнови вести