Словенечкиот ракометар Нејц Цехте веќе нема да игра за Еурофарм Пелистер, битолскиот клуб денеска официјално му се заблагодари.

Цехте дојде во Е. Пелистер во 2023 година, досега освои две титули шампион на Македонија, како и еден суперкуп.
„Еурофарм Пелистер му посакува многу среќа во новиот клуб на овој голем професионалец, а, пред сè, добар човек! СРЕЌНО НЕЈЦ, БИТОЛА СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ ПАМЕТИ!“, порачаа од клубот.

Цехте се сели во Бундеслигата и следните шест месеци ќе го носи дресот на Фуксе Берлин.

