Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва од 20.45 часот во Битола ја отвора својата сезона во ЕХФ Европската лига, и тоа против дански Скандерборг Архус.
Битолчани се фаворити според квотите во Sport Life, квотата за победа на македонскиот тим е 1.70.
Адут на Е. Пелистер против осмопласираниот тим од данската лига треба да бидат и навивачите во салата „Боро Чурлевски“, која се очекува да биде преполна.
Архус има серија од седум меча по ред без пораз и со голема самодоверба дојде во Битола, па домашните ќе мора да играат добро ако сакаат да ја израдуваат публиката.