18.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Еурофарм Пелистер не се откажува од титулата, се засили со репрезентативец на Полска

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, донесе уште едно засилување во борбата за титулата во Супер лигата. Повремениот репрезентативец на Полска, Матеуж Пиеховски, е засилување на пикерската позиција, кој од турскиот Бешикташ сега се сели во Битола, а претходно има настапувано и за Висла Плок, Адемар Леон, Виктор Ставропол и Емшдетен.

Од Еурофарм Пелистер најавуваат дека неговото официјално претставување ќе биде во текот на следната седмица, што значи дека нема да биде во составот на битолчани за дуелот со Вардар в сабота.

- Оглас -

Најнови вести