31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Еурофарм Пелистер одигра шампионски и го прегази Бутел со 18 голови разлика

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, слично како Вардар и Алкалоид вчера, забележаа убедлива победа од 37-19 над скопски Бутел.

Шампионот на Македонија победата ја најави уште во првото полувреме, после кое имаше предност од 17-12, а таа предност постојано се зголемуваше и во вториот дел се до конечните +18.

Еурофарм Пелистер со оваа победа се израмни со бројот на бодови со екипата на Пролет, со по 12, на втората позиција во групата Б, веднаш позади Вардар кој е лидер со максимални 15 бодови после пет првенствени кола.

Резултати:

Еурофарм Пелистер 2 – Аеродром 38-40
Скопје – Куманово 25-25
Еурофарм Пелистер – Бутел 37-19
Голден Арт – Пролет 23-25
Мулти Есенс – Прилеп 31-30
Тиквеш – Охрид 32-30

- Оглас -

Најнови вести