Еурофарм Пелистер пред нова (не)возможна мисија: Во Битола пристигнува германскиот гигант Кил (Фото)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес пред себе ќе го имаат еден од најголемите овосезонски предизвици во Лигата на шампионите. Во Битола доаѓа германскиот гигант Кил, натпревар во кој битолчани ќе се обидат да им се оддолжат на своите навивачи за лошиот почеток на сезоната, во којшто доживеаја домашен пораз од Колстад со девет гола разлика и од Алборг на гости со 15 разлика, но и два порази од вечниот ривал Вардар, по еден во Супер купот и првенството.

Натпреварот против Кил ќе биде и одлична можност со добар резултат да ѝ го честитаат и роденденот на навивачката група Чкембари, која слави 38 години постоење. Квотата за изненадување на Еурофарм Пелистер во понудата на Sport Life е неверојатна, дури 15. Фаворитот Кил, кој има две победи во првите две кола од Лигата на шампионите, има квота од 1.05 да си замине со целиот плен од Битола.

Денешната понуда со натпревари од ракометната Лига на шампиони има вкупно осум натпревари кои можете да ги најдете во богатата понуда на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести