Еурофарм Пелистер ја забележа и третата победа на третиот меч на традиционалниот струшки ракометен турнир, откако вечерва беа убедливо подобри од домаќинот и славеа со 28:16.
Битолчани се првиот финалист на ова издание на турнирот во Струга, кое е исклучиво во македонски состав, односно само со домашни екипи и го очекуваат противникот за утрешниот меч за пехарот.
Убедливата победа ракометарите на Еурофарм Пелистер ја најавија уште во првото полувреме што го добија со 16:9 и ги разрешија сите дилеми околу тоа која екипа ќе триумфира.
Избраниците на Жељко Бабиќ потоа го намалија темпото, но го добија и второто полувреме, со 12:7 за убедливи 12 голови разлика на крајот.
Претходно Охрид го победи вториот тим на битолчани со 26:22, а вечерва се игра последниот меч од фазата по групи меѓу Вардар и Бутел.
Актуелниот европски првак е фаворит против градскиот ривал Бутел, а тој дуел се игра од 21.15 часот.