Еурофарм Пелистер се испоти, но го победи Тиквеш и се пласира во финалето од Купот на Македонија

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, е првиот финалист во Купот на Македонија откако во неизвесен меч го победи Тиквеш со 33-29.

Суперлигашот од Кавадарци пружи достоен отпор во текот на целиот натпревар, неколку пати успеваше да се врати во мечот, дури и да поведе, но кавадарчани како да застанаа на 20-20, како да се исплашија од шансата која им се укажа, па Еурофарм Пелистер со серија од три гола го реши победникот и до крајот успеваше да ја одржува предноста од два до три гола, а на крајот и да победи со најубедливи +4.

Така битолчани дојдоа до можност за поправен откако минатата сезона загубија минимално со 32-31 од Вардар во финалниот меч кој се одигра во Охрид. Сепак, Еурофарм Пелистер ќе мора да чека уште 24 часа за да го дознае својот противник во финалето бидејќи второто полуфинале се игра утре во 19:30 часот, а ќе се сретнат екипите на Вардар и Алкалоид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести