14.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Еурофарм Пелистер се надева на чудо во Унгарија

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер денеска гостува кај ПИК Сегед, во меч од осмото коло во Лигата на шампионите. Пред помалку од 10 дена, Пелистер во Битола го изненади фаворизираниот унгарски тим и го победи со 25:24. Сега ПИК Сегед игра на домашен терен и сигурно нема да го потцени македонскиот шампион, но од таборот на Зелено-белите најавуваат дека се дојдени со „бело знаме“ на ова гостување.

„Може да кажеме дека ја креваме формата и се радуваме што скоро целиот ростер сега е комплетен. Ја забележавме можеби досега најголемата победа во елитното натпреварување. Секој играч е важен за нас и знаеме дека можеме да се носиме со сите ривали. Играме со ПИК Сегед двапати во седум дена, но сега ќе биде потешко затоа што играме на гости, а и тие очекувам да имаат многу посериозен пристап кон нас. Ги изненадивме во Битола и сигурно нема да одиме кај нив со бело знаме“, вели експертот за дефанзива во тимот на Пелистер, искусниот Илија Абутовиќ.

Точно пред две години Пелистер гостуваше кај ПИК Сегед и загуби со осум разлика (34:26).

- Оглас -

Најнови вести