Еурофарм Пелистер со гол на пет секунди до крајот го доби „фармацевтското дерби“ против Алкалоид!

Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Алкалоид минимално со 28:27 во салата во Автокоманда. За битолчани ова е многу важна победа во трката за титулата во домашното првенство.

Еурофарм Пелистер сега има 27 бодови исто колку што има и Вардар, но битолчани имаат адут затоа што во меѓусебниот дуел ќе играат на свој терен против Црвено-црните. Алкалоид по овој пораз остана на 21 бодови и речиси ги загуби сите шанси во трката за титулата.

Хененберг со гол на пет секунди до крајот донесе победа на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Алкалоид, во меч на кој беше многу неизвесен. Алкалоид беше подобар во првиот дел и домаќините најчесто беа во водство, но тоа значеше само неизвесно продолжение во вторите 30 минути.

Алкалоид последен пат водеше со 18:17, за да следат три погодоци по ред за Еурофарм Пелистер и гостите поведат со 20:18 во 42 минута. Алкалоид даде гол и ја прекина низата на противникот. Беше 22:21 за гостите, а потоа битолчани прв пат поведоа со три разлика (24:21) во 50 минута.

Алкалоид не се предаде и со низа од три гола по ред стигнаа до 24:24, а потоа и 25:25 во 55 минута и 26:26 на четири минути до крајот. Беше 27:27, а Пелистер во последниот напад погоди и тоа благодарение на Хененберг кој погоди за 28:27 на пет секунди до крајот.

Во останатите денешни меча, Вардар со 35:19 го победи Охрид, а Еурофарм Пелистер 2 дома загуби од Бутел со 24:25.

- Оглас -

Најнови вести