Еурофарм Пелистер го доби големото дерби против Вардар во Битола победувајќи со 27:21 во меч од првото коло на Суперлигата. Со оваа победа Еурофарм Пелистер сега има четири бодови, колку што има и Тиквеш, а лидер на табелата е Алкалоид со шест бодови. Вардар остана на три бода.
Првото полувреме беше многу израмнето и во текот на сите 30 минути во ниту еден момент ниту една од екипите немаше предност повисока од еден гол. Затоа и најреално беше на пауза да се замине со нерешено (10:10).
На почетокот на вториот дел Вардар водеше со 12:11, а потоа следуваше клучниот период на домаќините за да стигнат до победата. Пелистер даде три гола во низа за прво водство од барем два гола разлика на еден од двата тима (14:12) во 39 минута. Домаќините продолжија со добрата игра и во следните неколку минути кога поведоа со 16:13 во 41 минута, во 47 минута стигнаа и до највисоко водство од пет гола (19:14).
Пет гола водеше Пелистер и на пет минути пред крајот (23:18) и беше јасно дека битолчани ќе се радуваат. Филип Кузмановски со 8 голови беше предводник кај победничкиот тим, а одличне беше и голманот Лесјак со седум одбрани. Кај Вардар најефикасен беше Николиќ со пет погодоци.