Еурофарм Пелистер со пораз од Загреб го заврши учеството на турнирот во Добој

Еурофарм Пелистер го освои шестото место на ракометниот ТВ-турнир на шампионите во Добој. Пелистерци во дуелот за пласман на петтата позиција загубија минимално од шампионот на Хрватска, Загреб, со 26-24.

Шампионот на Македонија на турнирот во Босна и Херцеговина одигра вкупно четири натпревари, на кои забележа само една победа, и тоа убедлива од 39-24 над домашната екипа на Слога, додека освен од Загреб, загуби и од Монпеље и од египетскиот Ал-Ахли.

Подготовките за новото првенство и учеството во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер ќе ги продолжи со учество на турнирот „Крсте Андоноски – Усташ“ во Охрид, каде што ќе игра во група со Металопластика, Татран и Бутел.

- Оглас -

Најнови вести