Еурофарм Пелистер вечерва во Битола го игра еден од најважните мечеви сезонава во ЛШ

Победа е императивот на Еурофарм Пелистер на вечерашниот меч во Битола против Динамо Букурешт од ракометната Лига на шампиони бидејќи триумф ќе значи голем чекор напред кон осминафиналето.

Според квотите во Sport Life, фаворит за победа е романскиот тим предводен од тренерот Давид Дејвис, кој во минатото го водеше Вардар. Може да одиграте и на број на голови на поединци.

Во септември, во Букурешт, Динамо го победи Е. Пелистер со 9 гола разлика, но сега ситуацијата е сменета, романскиот тим има четири порази по ред, а битолчани за разлика од тогаш, сега имаат победи во елитното натпреварување и самодовербата им е на повисоко ниво.

„Среќни сме што пак ќе играме во Европа пред нашите навивачи. Динамо Букурешт е одличен тим и има врвни ракометари на сите позиции, ги води одличен тренер како Давид Дејвис. Овој проект го започна Чави Пасквал, а Дејвис продолжи по истиот пат. Сепак, ние играме дома и знаеме дека сме многу силен тим пред нашите гледачи. Тие се важни за нас, ни даваат нова енергија и спремни сме да одиграме добар натпревар. Ќе биде тешко, но ние како екипа сакаме ваков тип натпревари. Резултатите во последните неколку недели не се позитивни за Динамо Букурешт, но сепак тоа е голем тим. Ќе ни треба посебна вечер за да оствариме успех“, изјави тренерот Раул Алонсо.

 

- Оглас -

Најнови вести