15.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Еурофарм Пелистер водеше до 50-тата минута против ПСЖ, но бодовите останаа во Париз

Минути го делеа Еурофарм Пелистер од првокласна сензација во Лигата на шамионите, но на крајот ПСЖ успеа да ги освои планираните бодови против шампионот на Македонија и да победи со 33-27.

Светците беа доминантни во првиот дел, имаа водство од 16-11 во финишот, но битолчани со серија од 5-0 се изборија за нерешено на полувремето. Во првите 20-тина минути од второто полувреме продолжи доминацијата на Еурофарм Пелистер, а на моменти предноста на битолчани беше и три гола разлика.

Сепак, ПСЖ со фуриозен финиш успеа да направи комплетен пресврт, но и да победи со шест гола разлика, што сепак според случувањата на теренот, изгледа преубедливо.

Пранди со 11 гола беше незадржлив за одбраната на Еурофарм Пелистер, додека во редовите на македонскиот шампион најпрецизен беше Дејан Манасков со пет гола, а еден помалку постигна Филип Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести