Еурофарм Работник стана Еурофарм Пелистер!

Утрово во просториите на Општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално градот го доби клубот РК Еурофарм Пелистер. Договорот го потпишаа претставници на двата ракометни клуба од градот на конзулите, и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Двата клуба остануваат да партиципираат како досега, но со далеку поизразени амбиции. Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 ќе биде клуб со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

- Оглас -

Најнови вести