„Еуроспорт“ направи голем гаф: Му честиташе на Ѓоковиќ со хрватско знаме, Србите збеснаа (Фото)

Новак Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри го победи шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 7:6, 7:6 и го освои своето прво олимписко злато, последното големо одличје кое му недостасуваше во блескавата кариера.


Ѓоковиќ сега е апсолутно најтрофејниот тенисер на сите времиња. Објава му посвети и „Еуроспорт“, кој, сепак, направи голем гаф.


„Сон кој е исполнет. Гледавме неверојатни сцени откако Ѓоковиќ го освои олимпиското злато. Погледнете колку му значеше тоа, сега го освои кариерниот Голден Слем“, напишаа под фотографијата на која Ѓоковиќ плаче од радост.


Но, покрај таа објава ставија хрватско знаме. Во меѓувреме ја сфатија својата грешка благодарение на бројните коментари на навивачи од Србија, но и српските медиуми од кои се налутија поради оваа грешка. Објавата сега е избришана.

- Оглас -

Најнови вести