Евакуирана е фан зоната во Берлин: Уапсен е човек кој оставил ранец во близина

Непосредно пред почетокот на ЕВРО 2024 и воведниот натпревар во Минхен, се појавија првите проблеми, но во Берлин. Евакуирана е фан зоната околу Рајхстагот поради сомнителен предмет. Осомничен и уапсен е човек кој оставил ранец во близина на фан зоната, објави „Билд“.

Полицијата детално го претресува теренот со кучиња трагачи, а се претпоставува дека станува збор за експлозивна направа.

Портпаролката на берлинската полиција Беате Остертаг изјави дека од безбедносни причини се пребарува теренот.

„Од безбедносни причини е оформено заштитено подрачје. Во моментов се пребарува ранецот, а постои можност да не е внесен во фан зоната бидејќи е поголем од дозволената големина. Заштитеното подрачје е широко 200 метри, но не ја опфаќа целата фан зона. Три влеза се затворени, а еден сѐ уште е отворен“, изјави Остертаг.

- Оглас -

Најнови вести