33.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Еванс е трагичарот на Јунајтед, Сити му се одмазди на градскиот ривал (Видео)

Манчестер сити е освојувач на англискиот Комјунити шилд, односно Супер купот, откако во финалето на „Вембли“ го совлада градскиот ривал, Манчестер јунајтед, дури после изведувањето на пеналите со 7-6, откако мечот во регуларните 90 минути заврши 1-1. Со ова „граѓаните“ му се одмаздија на градскиот ривал за поразот во финалето од ФА купот минатата сезона.

Манчестер јунајтед дојде во водство во 82-рата минута, кога Алехандро Гарначо одлучи сам да влезе во противничкиот шеснаесетник и да ја завршува акцијата, што на крајот се покажа и како вистински избор за водство на „црвените ѓаволи“.

Сепак, само седум минути подоцна, Бернардо Силва, со удар со глава ги постигна конечните 1-1 и го одведе мечот на пенали.

Пенал-серијата започна одлично за Јунајтед, бидејќи Онана уште во првата серија успеа да го одбрани ударот на Бернардо Силва, но Едерсон во четвртата серија го одбрани ударот на Санчо и го спаси Сити од пораз. Клучен момент беше промашувањето на Џони Еванс во осмата серија, кога во обид да шутира по средина на голот, не беше прецизен.

- Оглас -

Најнови вести