Секој почеток има и свој крај, па така доаѓа и крајот на петтата сезона на популарната бесплатна игра Спортска прогноза која ја организираат Sport Life и Спортманија.
Новото 32-ро коло ќе биде и последно за оваа сезона, што значи дека викендов имате последна шанса преку Спортска прогноза за освојување ваучери од Sport Life или ако погодите 13-ка, да одберете каква премија сакате.
Типувањето може да почне, а ќе трае до сабота во 15 часот, кога почнуваат дуелите Салернитана – Удинезе и Специја – Торино.
Од саботната понуда, во основната 13-ка се и Борусија Менхенгладбах – Аугсбург, Ајнтрахт – Фрајбург, Фиорентина – Рома, Севилја – Реал Мадрид и Монпелје – Ница.
Неделата носи предизвик да ги погодите исходите на интересните дуели Монца – Лече, Астон вила – Брајтон, Челзи – Њукасл, Лидс – Тотенхем, Лестер – Вест хем и Јувентус – Милан.
Многу се значајни и двата резервни пара, Анже – Троа и Тулуз – Оксер, бидејќи тие се бројат и во генералниот пласман, а таму битката за прво место е крајно неизвесна. Богољуб има само еден бод предност во однос на Кирил, а подароци добиваат и третиот, четвртиот и петтиот.
Победникот во генералниот пласман добива ваучер од „Анхоч“ во вредност од 30.000 денари. Вториот добива 500.000 SL Market поени, третиот 400.000 SL Market поени, четвртиот 300.000 SL Market поени, а петтиот 200.000 SL Market поени.
Sport Life ги наградува најуспешните во секое коло, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
X Box Series X.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прифатете го предизвикот и искористете ја последната шанса сезонава да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!