Еве го Роналдо од НБА – Го исклучија, па во бес погоди девојче во публика (Видео)

Мајлс Бриџис реагираше неспортски на мечот против Атланта хоукс, што неговиот тим Шарлот хорнетс го загуби со 132:103 и откако беше исклучен, направи голема глупост и го чека драстична казна во НБА-лигата.

Бриџис прво тргна да се пресмета со судиите, кои му досудија фаул, но беше сопрен од соиграчите.

Веднаш беше исклучен и на пат кон соблекувалната направи уште поголема глупост. Навивачите на Атланта му го покажаа патот кон соблекувалната, а кошаркарот на Шарлот во бес неконтролирано фрли дел од опремата кон трибините и погоди девојче блиску до него, кое мирно ја следеше ситуацијата.

Бриџис и Шарлот хорнетс испаднаа на Плејин-турнирот и нема да играат во плејофот, а кошаркарот го чека и казна од НБА поради глупоста што ја направи.

Неодамна сличен инцидент направи и Кристијано Роналдо, кога бесен по поразот на Манчестер јунајтед од Евертон, на пат кон соблекувалната му го турна мобилниот телефон на 14-годишно дете со аутизам.

И тој инцидент и непромислен потег на фудбалската ѕвезда предизвика многу негативни реакции, а Роналдо се извини и му понуди на малиот Џејкоб да биде гостин на меч на Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести