Еве каде згрешивме, во 96-та минута само тројца наши и четворица Велшани во 16-никот

Македонската фудбалска репрезентација секунди ја делеа од победата против Велс, но се чини и дека ја предизвикавме лошата среќа во таа кобна 96-та минута.

По голот на Миовски во 90-тата минута за водство од 1-0 кога имавме среќа, целта беше да се одбраниме и да го задржиме тешко стекнатото водство. Се направија и измени со цел да се стегне одбраната, но во шестата минута од судиското продолжение Велс даде гол и нам ни „скина“ два бода, па наместо сите три, освоивме само еден.

Снимките од акцијата на Велс по која гостите постигнаа гол за спас, покажуваат една ситуација која не смееше да се дозволи. Во нашиот 16-ник има четворица Велшани, а само тројца македонски играчи. Следуваше грешката на Муслиу и гол на Брукс, но до ова веројатно немаше да дојде ако имаше повеќе играчи со темно сиви дресови.

- Оглас -

Најнови вести