Еве како експертот од Велес успеа да го „отклучи милионот“ и да заработи 1.000.000 денари (Фото)

Даниел Мицалинов од Велес e победник на акциската кампања на Sport Life „Отклучи го милионот“ и е добитник на главната премија од ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ. Мицалинов успеа да освои најмногу бодови во периодот од 14 април до 15 мај и со девет добитни тикети да стигне до пиедесталот.

„Немав тактика околу тоа како играв за да направам доволен број бодови. Секогаш ги играм акциските понуди на Sport Life и неколку пати сум бил добитник на месечните премии на Типстер купот, а имам и премија во играта за најмногу погодени мечеви. Сепак, ова е мојата најголема добивка од овие игри. Едноставно, треба да се следат правилата, да се биде упорен и доследен и само така може да се стигне до првото место“, вели Мицалинов, кој собра вкупно 160 поени од деветте добитни тикети кои ги имаше во овој период.

Ова се деветте добитни тикети кои на Мицалинов освен добивките кои ги имаше, му донесоа и „бонус“ од 1.000.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести