Репрезентациите кои успеаја да ја минат групната фаза на Европското ракометно првенство во Германија нема да имаат многу време за одмор и веќе утре продолжуваат со натпреварите од втората фаза.
Со одигрувањето на денешните натпревари, познати се и групите за втората рунда преку која ќе се бараат полуфиналистите на континенталниот собир.
Во групата I, репрезентациите на Унгарија и Франција стартуваат со по два поена, Хрватска и Австрија со по еден бод од меѓусебниот дуел, додека Германија и Исланд без бодови.
Групата II е поделена, па така Данска, Шведска и Словенија борбата за полуфинале ја започнуваат со максимални два бода, додека Холандија, Норвешка и Португалија започнуваат без бодови.
Двете првопласирани репрезентации продолжуваат во полуфиналето, додека третопласираните ќе разигруваат за петтото место на Европското првенство.
Истовремено и официјално е познат пласманот на репрезентациите кои го завршија настапот на Европското првенство и на финалното пласирање ќе се најдат од 13-тата до 24-тата позиција.
13. Шпанија
14. Црна Гора
15. Чешка
16. Полска
17. Македонија
18. Грузија
19. Србија
20. Фарски Острови
21. Швајцарија
22. Романија
23. Грција
24. Босна и Херцеговина