Еве како Меси ја замислува Барселона во следната сезона (Фото)

Лионел Меси нема проблем да остане во Барселона до крајот на кариерата, но има еден главен услов: тимот мора да биде по негов мерак и да се бори за трофејот во Лигата на шампионите. Според пишувањата на весникот „Марка“, Меси размислува да остане, но од новиот претседател кој ќе биде избран во март, бара да донесе засилувања со кои тимот би бил конкурентен во битката за најважните трофеи.

Меси летоска сакаше да го напушти клубот, но во меѓувреме работите се сменија, си замина стариот претседател Бартомеу, а на прагот на чело на клубот да дојде е неговиот пријател Жоан Лапорта, кој е фаворит според анкетите. Евентуалната победа на Лапорта на изборите за претседател на Барса, не значи автоматски дека Меси сигурно останува, но сериозно би размислил ако му се исполнат желбите. Ако победи некој друг претседател, ќе се намалат шансите Меси да остане.

Според шпекулациите на „Марка“, Меси сака тимот во нападот да се засили со неговиот близок пријател Серхио Агуеро од Манчестер сити. По заминувањето на Суарес, Барса во нападот многу се потпира на Меси, па Лео смета дека неговиот сонародник кој би дошол како слободен играч, може многу да помогне.

Втор на листата на желби е Џорџинио Вајналдум од Ливерпул кој би ја зголемил конкуренцијата во средниот ред. Барса нема пари, но и на Вајналдум договорот му истекува летово, па и тој би дошол без отштета. Одбраната ќе мора да се засили, најавено е доаѓањето на Ерик Гарсија од Сити, но се верува дека Барса ќе биде уште еден дефанзивец, а како идеално решение (не толку скап) е Пау Торес од Вилјареал.

Хозе Гаја од Валенсија е идеален лев бек за Барса како надополнување на Жорди Алба, кој своевремено истотака дојде од Валенсија.

Еве како отприлика треба да изгледа Барселона во следната сезона, ако сакаат Меси да остане:

- Оглас -

Најнови вести