Пол Џорџ и Расел Вестбрук едноставно беа незадржливи против Јута, а тоа на крајот значеше и победа на Оклахома од 148:147, во најнеизвесниот меч кој ноќеска се одигра во НБА лигата. За да се дознае победникот, мораа да се одиграат дури две продолженија, а на крајот, одговорноста за последниот шут ја превзема Џорџ, кој успеа да погоди за победа, на 0,8 секунди до крајот.
Џорџ одигра вкупно 50 минути, а на крајот заврши со 45 поени, 9 скока и 7 асистенции. Вестбрук за вкупно 43 минути на паркетот имаше биланс од 43 поени, 15 скока и осум асистенции. За прв пат сезонава се случува двајца соиграчи да ја надминат бројката од 40 поени. Едноставно Џорџ и Вестбрук сами ја победија Јута.