Еве каков е билансот на Македонија со сите противници за ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација доби неатрактивна, но интересна група во квалификациите за пласман на завршницата на Европското првенство во 2020 година. Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија се ривалите против кои ќе играме од март до ноември следната година.

Игрите на Македонија во последните година и пол ветува дека може да се надеваме на чудо и атак на едно од првите две места. Во групата нема ривал од самиот европски врв, па тоа треба да биде уште еден мотив повеќе за селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници. Ангеловски верува во своите избраници, а тоа го потврди и со изјавата дадена веднаш по ждрепката во Даблин. ТУКА прочитајте што изјави Ангеловски.

Австрија е единствениот ривал против кој досега никогаш не сме играле. Носителот на групата, Полска бил наш противник три пати. Македонија претрпела два порази, а еднаш ремизирала и има гол разлика од два дадени и осум примени гола.

Против Израел сме играле пат пати и билансот е негативен со четири порази и само една победа. Тие беа наши ривал во квалификациите за СП 2018, па добро го знаеме нивниот квалитет. Токму на последната средба, Македонија победи и тоа на гости со 1:0, а во Скопје несреќно загуби, промашувајќи пенал во последната минута. Гол разликата е 5:8

Словенија е селекцијата против која Македонија го одигра првиот официјален меч и победи со 4:1, пред 25 години. Со овој противник имаме вкупно четири дуели и позитивен биланс од три победи и еден пораз со позитивна гол разлика од 9:4. Летонија е селекцијата која треба да е аутсајдер во групата. Против нив имаме играно еднаш и победивме со 2:1.

Македонија досега никогаш не играла на завршница на големо натпреварување, но секако дека ова е голема шанса да се направи историски подвиг.

- Оглас -

Најнови вести