Алекс Фергусон сепак не допатува во Белград да го гледа натпреварот Партизан – Манчестер јунајтед, а вечерва е „откриено“ зошто Ферги не дојде во главниот град на Србија.
По двата недосудени пенали за Партизан во средината на второто полувреме, по социјалните мрежи се појави монтажа од фотографија на која се гледа дека Фегусон е во ВАР-собата и контролира дали ќе има пенали против неговиот поранешен клуб.