Еве зошто Египќанецот е хит сезонава и го бара половина Европа (Видео)

Египетскиот напаѓач Омар Мармуш има сезона од соништата, цената многукратно му расте, а дека станува збор за навистина квалитетен играч, еден од најдобрите на светот во моментов, потврди и вечерва, со феноменално прецизно изведениот слободен удар и голот за победа на Ајнтрахт над Славија Прага во Лигата на Европа.

Мармуш, кој има 25 години, сезонава во Бундеслигата на девет меча има 10 гола и 6 асистенции, пред него на листата на стрелци е само Хари Кејн од Баерн, а еве воодушевува и на европска сцена.

- Оглас -

Најнови вести