Еве зошто Луис Суарес вечер нема да игра против Бразил, ниту на Атлетико – Барса (Видео)

Фудбалските репрезентативци на Уругвај не внимаваа на себе и на околината, па по излегувањето на фотографии и снимки од еден нивен собир, на кој безгрижно си правеа скара седнати еден до друг, без маски и дистанца, не треба да чуди зошто Луис Суарес е позитивен на ковид-19 и нема да игра на два важни натпревари, вечер на полноќ против Бразил и в сабота на Атлетико Мадрид – Барселона.

Уругвајците уживаа во слободниот ден, но не ги почитуваа прописите. Бентанкур, Нандес, Годин, Ролин, Муњос, Тореира, Суарес, Арамбари и Де ла Крус позираа на една фотографија покрај оган, откако веројатно завршиле со јадење бидејќи има снимка на дневна светлина додека се пече месото. Освен ѕвездата Суарес, позитивен на корона-вирус е и Родриго Муњос, а нема да биде изненадување ако уште некој добие забрана за настап против Бразил.

- Оглас -

Најнови вести