Еве зошто никој не може со Саудијците, навивач му подари „ролекс“ на Фабињо (Видео)

Екипите од Саудиска Арабија поддржани од Саудискиот инвестициски фонд направија вистински бум на трансфер-пазарот во летниот преоден рок носејќи голем број ѕвезди за кои не штедеа пари.

Играчи како Кристијано Роналдо и Карим Бензема ќе заработуваат по неверојатни 200 милиони евра годишно, но и навивачите на саудиските екипи знаат да бидат дарежливи кон фудбалерите, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува Фабињо, кој си доби на подарок скапоцен часовник „ролекс“.

https://twitter.com/i/status/1691185134563643392

Навивач на Ал-Итихад по мечот на неговиот тим со Ал-Раед, имаше краток разговор со Фабињо, кому му подари скапоцен часовник само затоа што игра во саудиската Про лига.

- Оглас -

Најнови вести