Канада одигра одлично прво полувреме против фаворизираната Белгија, но губи со 0:1, а беше драстично оштетена во 14-тата минута од мечот.
Претходно Алфонсо Дејвис утна пенал за Канада, односно Тибо Куртоа во десеттата минута му го одбрани ударот од белата точка, а само 240 секунди подоцна, требаше да има нов пенал за Јаворовиот лист.
Еден Азар ја враќаше топката во својот шеснаесетник и по грешка проигра фудбалер на противничката екипа, а над него фаул за пенал направи Фертонген.
Но, немаше реакција од ВАР-собата да се сугерира дека нема офсајд, туку има чист пенал, па Канаѓаните се апла оштетени.
Eden Hazard (Belgium) passes the ball backwards to a Canada player. Linesman flags for offside. from soccer
Потоа сите утки на Канаѓаните ги казни Миши Батшуаји со гол за Белгија во 44-тата минута.