После примениот гол во 67-ма минута, фудбалерите на Реал Мадрид и тренерот Карло Анчелоти протестираа кај судијата, и бараа погодокот да биде поништен поради аут во зачетокот на акцијата.
Пред да погоди Де Бројне, можеби имаше аут за Реал, но акцијата на Сити продолжи. Сепак, стручни лица тврдат дека ВАР не можел да влијае, бидејќи се смета за нова акција после загубената топка на Камавинга, по која следуваа неколку додавања и голот, а ова беше пред грешката на Французинот.