Евертон даде гол директно од корнер, но потоа се случи најдобриот дриблинг сезонава во Европа (Видео)

Њукасл без многу проблеми со 4:1 славеше на гостувањето кај Евертон и покажа дека има квалитет за следната сезона да игра во Лигата на шампионите. Њукасл водеше со 3:0 кога во 80-тата минута домаќините постигнаа несекојдневен погодок.

Двајт Мекнил изведе корнер, а топката без да удри во ниту еден фудбалер заврши во мрежата.

Интересно е дека само една минута по овој интересен погодок на Евертон, Њукасл тргна во напад и веднаш постигна четврти гол. Александер Исак го имаше можеби најдобриот продор сезонава во Топ 5 лигите. Тој доби една топка на средината од игралиштето и потоа направи фантастичен продор во кој помина неколку противнички играчи, а на Марфи му остана само да погоди во празната мрежа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести