Италијанскиот првак Јувентус има неверојатен напад. Покрај Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, Гонзало Игуаин, Мојзе Кен и Марио Манџукиќ, се најавува доведување и на Мауро Икарди. Освен доведување нови играчи, Јувентус ќе мора и да се ослободи од некој фудбалер.
Тинејџерот Кен пред крајот на минатата сезона го покажа целиот свој квалитет, а со тоа е во фокус кај дел од европските екипи. Евертон прв се обиде да го доведе Кен, но понудата беше веднаш одбиена. Англискиот премиерлигаш сакаше да го купи Кен за 30 милиони евра, но Јувентус бара многу повеќе за играчот кој во 17 меча даде седум гола во минатата сезона.
Кен постави неколку рекорди во Серија А, а еден од оние поинтересните е што го надмина рекордот на Алесандро дел Пјеро, кој во сезоната 1993/94 како тинејџер даде пет гола во Серија А. Кен на истата возраст стигна до шест гола во Серија А.
Juventus have rejected a Everton's bid for Moise Kean: Toffees have offered €30M for young striker. [Nicolò Schira] #Juventus #Everton #Kean pic.twitter.com/WlXGy9jME7
— Juve World (@JuveWorldNews) July 8, 2019