Евертон доби дозвола за изградба на ултрамодерниот стадион (фото)

Евертон доби дозвола од градот Ливерпул за изградба на ултрамодерниот стадион за којшто веќе 25 години раководството на Карамелите бара место за изградба.

Новиот дом на Евертон ќе се гради на пристаништето Бремли-Мур и ќе чини околу половина милијарда фунти, додека изградбата ќе трае до 2024 година. Евертон сега треба да добие дозвола уште од британската Влада, а овој проект ќе обезбеди околу 15.000 работни места.

Она што e најважно е дека новиот стадион ќе има поголем капацитет од „Гудисон парк“, односно капацитетот ќе биде 52.888 седишта.

- Оглас -

Најнови вести